Процесирање и анализа на слика

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Процесирање и анализа на слика

Код: 3ФЕИТ05023

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставници: Проф. д-р Зоран Ивановски

Цели на предметната програма (компетенции): По успешното завршување на курсот, студентот ќе биде способен: – да ги разбира формирањето, аквизицијата и претставувањето на слики, и улогите на семплирањето и квантизацијата кај дигиталните слики, сликовните трансформации и човековиот систем за вид; – да ги разбира современите методи за процесирањето на слика, подобрувањето на слика, реставрацијата и колор процесирање – да ги користи и применува техниките за претпроцесирање, напредните техники за сегментација на слика, како и техниките за претставување и опишување на облици и текстури – да ги разбира техниките за распознавање на облици и текстури и техниките за следење на објекти – да ја разгледува и оценува применливоста на техниките за процесирање и анализа на слика за решавање на различни практични проблеми  – да ги следи најновите напредоци во процесирањето и анализа на слика и да ја увиди нивната применливост во различни полиња  – да оцени дали даден системи за процесирање/анализа на слики е добар кандидат за дадени информациски систем – да ги определи и опише критериумите за евалуација на системите за процесирање/анализа на слики.

Содржина на предметната програма: Дигитализирана слика и нејзини својства. Податочни структури за процесирање и анализа на слика;  Претпроцесирање на слика: трансформации на луминанцијата; геометриски трансформации: локално претпроцесирање; реставрација. Напредни техники за сегментација: одлучување со праг; детекција на граници; оптимални пристапи за детекција на граница и површина. Претставување и опишување на облици: идентификација на региони; претставување и опишување на облици засновано на контури; претставување и опишување на облици засновано на региони; класи на облици. Распознавање на објекти: претставување на знаење; статистичко и синтактичко распознавање на примероци; оптимизациски техники во распознавањето.  Математичка морфологија: основни принципи и морфолошки трансформации; тополошки процесирања. Текстура: статистичко опишување на текстура; синтактичко опишување на текстура; хибридни методи за опишување на текстура; примени на методите за распознавање на текстура.  Анализа на движење: диференцијални методи за анализа на движење; оптички протек; анализа на движење заснована на точки од интерес.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Milan Sonka, Vaclav Hlavac, Roger Boyle Процесирање на слика, анализа и машински вид Springer 2013

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Rafael C. Gonzalez, Richard E. Woods Дигитално процесирање на слика Pearson Education 2011