Истражувачки проект од областа на мултимедиските технологии

Објавено: март 13, 2019

Предмет: Истражувачки проект од областа на мултимедиските технологии

Код: 3ФЕИТ19

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:0+0+0+6

Наставник: Сите наставници кои можат да бидат ментори на студиската програма МТ

Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување знаења за начинот на спроведување на истражување во областа на мултимедиските технологии, како услов за изработка на магистерската работа.  Оспособеност за независна истражувачка работа и развиена научна креативност.

Содржина на предметната програма: Методологија на научно-истражувачката и апликативната работа во областа на мултимедиските технологии. Избор и проучување на релевантна литература за истражувањето. Поставување на предмет, методи и цели на истражувањето. Дефинирање на методите на истражување. Собирање и обработка на податоци. Поставување на експеримент. Поставување на симулациска или лабораториска околина.