Обука за сајбер безбедност

Објавено: март 7, 2023

Сертификати: ECDL и ФЕИТ

Предавачи: наставно-научен и стручен кадар од ФЕИТ

Цена: 11.000 денари на две рати.

Пријавување на е-mail: cdu@feit.ukim.edu.mk

Обуката за сајбер безбедност организирана од Центарот за доживотно учење при ФЕИТ во соработка со ECDL Македонија им овозможува на слушателите стекнување на вештини кои се однесуваат на безбедното користење на ИКТ во секојдневните работни активности и секојдневниот живот и вештините што се користат за одржување на безбедна мрежна врска, безбедно користење на Интернет и соодветно управување со податоците и информациите.

Предавањата се со практични примери и вежби. На крај се прави рекапитулација низ краток тест со што се повторува и утврдува поминатиот материјал. Потоа следи полагање на модулот по стандардизирани ECDL тестови. Кандидатите кои успешно ќе го положат испитот се здобиваат со ECDL сертификат, кој има доживотна и меѓународна важност, и со сертификат од ФЕИТ.

ДЕТАЛИ ЗА ОБУКАТА

Број на слушатели: од 10 до 20 слушатели

Начин на изведување: Обуката ќе се изведува online, а полагањето е во живо во компјутерска лабораторија 322а на ФЕИТ)

Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група од 10 до 20 слушатели. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.

Тек на наставата: Обуката опфаќа 15 часа, распределени во 5 термини од по 3 часа. Петте термини од по 3 часа ќе бидат распределени во 5 работни дена во тек на 3 работни недели, во договор со учесниците и предавачите. Во тек на секоја од трите работни недели ќе има по 2 термина (вклучувајќи го и полагањето на испитот). За целото времетраење на обуката, слушателите ќе имаат практични примери.

Потребни предзнаења: Основно познавање од работа со компјутери.

Цел на обуката: Обуката за сајбер безбедност овозможува да се:

  • Разберат важноста од чувањето на информациите и податоците безбедни и идентификуваат заеднички принципи за заштита, задржување и контрола на податоците/приватноста.
  • Препознаат заканите за личната безбедност од кражба на идентитет и потенцијалните закани за податоците од користењето на cloud computing.
  • Да може да користат лозинки и шифрирање за да обезбедат датотеки и податоци.
  • Разберат заканата од малициозен софтвер и бидат во можност да заштитат компјутер, уред или мрежа од малициозен софтвер и да ги адресираaт нападите на малициозен софтвер.
  • Препознаат вообичаените мрежни и безжични типови безбедност и бидат во можност да користат лични firewalls и лични hotspots.
  • Заштитат компјутерот или уредот од неовластен пристап и можат безбедно да управуваат и да ги ажурираат лозинките.
  • Користат соодветни поставки на веб-прелистувачот и разберат како да ги автентицираат веб-локациите и безбедно да прелистуваат на веб.
  • Разберат безбедносните проблеми на комуникацијата што можат да произлезат од користење на е-пошта, социјални мрежи, протокол преку Интернет, инстант пораки и мобилни уреди.
  • Направи Back up и restore на податоците на локален cloud локации за складирање и бришење и безбедно отстранување на податоците и уредите.

Самостојна работа и проверка на знаењето: Целиот материјал за обуката е поддржан со практични примери. Во последниот термин ќе има и рекапитулација на материјалот преку практични задачи и подготовка за полагање на тестот. На крај од обуката, се полага ECDL лиценциран тест за проверка на знаењето на учесниците.

Сертификати: По успешно завршување на обуката и положување на тестот, учесниците ќе добијат интернационален ECDL сертификат и сертификат од ФЕИТ.

 ПРОГРАМА ЗА ОБУКАТА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ

Обуката ќе се одвива низ 15 часа во 5 денови (2 дена неделно, по 3 часа на ден). Последниот 16 час е полагањето на тестот во живо, во компјутерска лабораторија на ФЕИТ.
Во обуката ќе бидат опфатени следниве теми:

ТЕМА БРОЈ НА ЧАС ДЕН
     
1.Концепти за безбедност 1,2,3 1
– Закани за податоци
– Вредност на информациите
– Лична безбедност
– Безбедност на датотеки
     
2.Злонамерен софтвер 4,5,6 2
– Видови и методи
– Заштита
– Решавање и отстранување
3.Мрежна безбедност    
– Мрежи и врски
– Безжична безбедност
     
4.Контрола на пристап 7,8,9 3
– Методи
– Управување со лозинки
5.Безбедносно користење на веб    
Поставки на прелистувачот    
Безбедносно прелистување    
   
6.Комуникации 10,11,12 4
Е-Маил    
Социјална мрежа    
VoIP и инстант пораки    
Мобилен    
 
7.Безбедносно управување со податоци и рекапитулација 13,14,15 5
Обезбедување на Back Up на податоци    
Безбедно бришење и уништување    
Рекапитулација на обуката и подготовка за тест    
 
Полагање 16 6
-Решавање на ECDL тест во компјутерска училна на ФЕИТ