Одбојкарките на ФЕИТ шампиони во Универзитетската лига

Објавено: јуни 5, 2024

На 27.05.2024 г. во Спортската Сала ” Македонски херои” при ФФОСЗ се одиграа завршните финални мечеви од одбојкарското натпреварување во женска категорија на УКИМ. Во одличен натпревар, со фантастична атмосфера и мотивирана игра за победа, во финалето силите ги одмерија одбојкарките од Факултетот за eлектротехника и информациски технологии и Архитектонскиот Факултет.

После покажаниот квалитет во одлучувачкиот сет, одигран со шампионско темпо, одбојкарките на ФЕИТ извојуваа победа со резултат 25-16. По завршувањето на натпреварите беа доделени индивидуалните и групните признанија за прво место на факултетските шампионки за оваа година.

По големиот успех, Деканот на ФЕИТ, проф. Владимир Атанасовски ги прими одбојкарките и им честиташе за успехот. Пехарот за освоено прво место во учебната 2023/2024 веќе ги краси витрините на ФЕИТ.

ФЕИТ се гордее со своите студенти успешни на сите полиња.