На Факултетот за електротехника и информациски технологии успешно беше реализирана практична работилница со Horizon Energy Box, наменета за студентите од четврта година.
Работилницата беше организирана во рамки на билатералниот проект „Можности за имплементација на Power-to-X (PtX) технологиите во процесот на енергетската транзиција“, со цел унапредување на практичните знаења и вештини на студентите во областа на современите енергетски технологии. Кратенката PtX се однесува на технологии за конверзија на електрична енергија во други енергетски носители или производи (водород, синтетички горива, топлина и хемикалии). На работилницата, студентите имаа можност да се запознаат со:
- концептите и примената на Power-to-X (PtX) технологиите,
- производството и употребата на водород како енергенс,
- моделирање на едноставни енергетски системи и микро-апликации,
- изведување на експерименти со опремата Horizon Energy Box.
Работилницата придонесе кон подобро поврзување на теоретските знаења со практичната примена и поттикнување на интересот за идните технологии во енергетиката.
Во прилог се и неколку фотографии од настанот.







