Панел дискусија “Диспропорција на дигитални вештини”

Објавено: ноември 6, 2024

На 05.11.2024 во просториите на ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информацики технологии во организација на УНДП и Факултетот се одржа настан – панел дискусија на тема “Диспропорција на дигитални вештини”. Настанот е прв во редот настани од типот Дигитални дискусии (Digital Discussions) во организација на УНДП на кој се дискутираат тековните и идните предизвици поврзани со дигитализацијата и дигиталните вештини на нашето општество како целина.

Модератор н настанот беше Бојан Кордалов, додека панелисти беа преставници од повеќе области: формалното и неформалното образование, УНДП и граѓанскиот сектор

– проф. Марија Календар, ФЕИТ
– Ирена Ивановска, Семос Едукација
– Маргарита Гулевска, Отвори ги прозорците
– Снежана Мирчевска Дамјановска, УНДП

Во фокусот на дискусијата беше јазот во однос на слабите дигитални вештини на широката популација во државата наспроти висококвалификуваниот ИКТ кадар кој одлично котира дури и на меѓународниот пазар на трудот.

Дискусијата отвори многу прашања со оглед на тоа што се работи за широк тема која ги опфаќа сите делови на општеството. Како резултат беа дискутирани и насоки за конкретни чекори кои треба да се преземат во заедничката соработка меѓу државата, јавниот и приватниот сектор, образованието и науката за намалување на дектектираниот јаз, особено во предвечерејето на следната технолошка револуција – развојот и користењето на Вештачката интелигенција.