Состанок на проектот INITIATE одржан во Загреб, Хрватска на 27-28 февруари 2024 година го одбележа почетокот на соработката меѓу 13 партнери од 10 земји, меѓу коишто е и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Целта на проектот INITIATE е да овозможи институционална реформа во високообразовните институции, со цел подобрување на нивните капацитети за истражување и развој. Во рамки на проектот ќе биде развиен пристап за институционална трансформација кој води сметка за институционалните потреби, достапните ресурси, националните услови и можностите за потенцијална соработка со други институции и екосистеми.
Тимот на ФЕИТ ги презентираше институционалните, истражувачките и инфраструктурни капацитети на ФЕИТ, како и концептот за имплементација на трансформациски пристап INITIATE за подобрување на својата истражувачката извонредност, задржување на млади истражувачи и вмрежување со меѓународни институции коишто работат на зелената и дигиталната транзиција.
Проектот е финансиран од програмата за истражување и иновации на Европската комисија Horizonе Europe (Grant agreement ID: 101136775). |