Покана за учество на натпревар на идеи (Invitation to the Idea Contest 2023) – можност за студиски престој во Германија

Објавено: април 13, 2023

Во рамките на проектот IDEA-East Hub финансиран преку DAAD, Германија во кој учествува и ФЕИТ, Ве известуваме за можноста да учествувате во натпревар на идеи IDEA-East Hub – Idea Contest 2023 кој ќе се одвива на годишно ниво во текот на траењето на проектот до 2024 година.

Првиот натпревар ќе се одржи оваа пролет – Април-Мај 2023 (рокот за пријавување на идејата е крај на Април 2023)

Преку пријавување на ваша идеја може да учествувате во овој натпревар на идеи, каде после кругот на селекција ќе имате можност да работите на реализација на вашата идеја преку студиски престој во Германија на Универзитетот Анхалт од октомври до декември 2023 со користење на ресурсите и лабораториите на Универзитетот. Престојот ќе биде покриен преку проектот IDEA-EAST.

Идејата може да биде дел од вашата дипломска/магистерска или докторска работа или воопшто истражувачка работа (postdoc истражување на пример).

Повеќе детали за натпреварот ќе најдете на овој линк: https://www.hs-anhalt.de/en/international/intercultural-encounters/idea-east-hub/idea-contest.html , но секако можете да ја контактирате проф. Марија Календар (marijaka@feit.ukim.edu.mk) која е одговорен професор за проектот од ФЕИТ.