На 13. ноември 2024 г., Факултетот за електротехника и информациски технолгии (ФЕИТ) беше домаќин на поголема група средношколци од гимназијата „Орце Николов“ од Скопје. Средношколците заедно со нивните предметни наставници од областите СТЕМ, беа пречекани од одговорните од Центарот за нови студенти при ФЕИТ и поздравени од Деканот на ФЕИТ, проф. Владимир Атанасовски.
Раководителот на ЦНС, проф. Маја Целеска Крстевска, накратко ги презентираше можностите за студирање и студиските програми на ФЕИТ. Потоа средношколците посетија дел од лабораториите на ФЕИТ и можеа одблизу да се запознаат со дел од наставниот кадар и опремата со која располага ФЕИТ.
Впечатоците беа взаемно позитивни, а се разделивме со пораката дека ФЕИТ останува отворен за средношколците. Се радуваме на идната соработка за надградување на нивните вештини и ги очекуваме наскоро во клупите на ФЕИТ.