Потпишан меморандум за соработка со АХИОС

Објавено: август 27, 2025

ФЕИТ и АХИОС потпишаа меморандум за соработка со кој се утврдува рамката на активности од заеднички интерес на двете страни, а во насока на искористување на научно-стручните, професионалните и материјално-техничките ресурси кај потписниците. Со овој меморандум се става акцент на соработка во домен на развојно-истражувачки и апликативни проекти, како и консултантски и едукативни активности. Посебно внимание е ставено на стипендирање на студенти од завршните години и постдипломци чие поле на интерес е во делокругот на работа на АХИОС, обезбедување студентска пракса за студентите стипендисти, како и останати студенти запишани на студиски програми на ФЕИТ и наградување на студенти кои покажале натпросечни резултати во студирањето или постигнале забележителни иновациски резултати во делокругот на работа на АХИОС.

ФЕИТ е постојано посветен на ширењето на својата мрежа на соработници како и постојано надградување на партнерската мрежа со што на студентите им се нудат најдобрите можности за зголемена практична работа. Истовремено, на академскиот кадар на ФЕИТ му се нуди можност за работа на практични и релевантни проекти за македонското општество.