На 07.10.2022 ќе се реализира иновациски камп на тема „Towards Balanced Gender Approach in Social Media and Internet„ во рамките на проектот Europe’s Regional Partnership for Gender Equality in the Digital Age (EQUALS-EU). Проектот има за цел да ја промовира половата и родовата еднаквост во социјалните иновации преку градење капацитети и создавање паметни, одржливи и инклузивни екосистеми за социјални иновации во локалните заедници и градови во Европа. Право на учество во иновацискиот камп имаат сите тимови (од три до пет лица) кои ќе се пријават за учество најдоцна до 06.10.2022 година преку следниот линк. Членови на тимовите можат да бидат сите сегашни и поранешни студенти на УКИМ. Задачата на тимовите ќе биде со помош на квалификувани ментори да конципираат иновативно решение за балансиран родов пристап во социјалните медиуми и интернетот. Секој тим ќе има задача да дефинира концепт, опис, цел на решението и негов иновативен аспект.
Сите учестници ќе добијат сертификат за учество, додека претставникот на победничкиот тим ќе добие обука за унапредување на капацитетот на иновациите и пристуство на иновацискиот камп кој ќе се одржи следната година во Женева, Валенсија и Рига.