Пријавувањето на кандидатите за упис на Факултетот за електротехника и информациски технологии во учебната 2024/2025 година во вториот уписен рок ќе се врши во роковите утврдени со конкурсот.
Пред пријавувањето во роковите, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk (IKNOW СИСТЕМОТ Е ОТВОРЕН ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ). Секој кандидат треба да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Доставувањето на потребните документи за пријавување се врши во Одделението за студентски прашања на ФЕИТ на 17.9 и 18.9.2024.
При пријавувањето за запишување на факултетот кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
- Електронска пријава
1. Универзитетски пријавен лист и
2. Интерен пријавен лист
(Двете пријави се печатат од iknow системот и се потпишуваат). - Пријава за запишување А1 образец (се купува во книжарницата на факултетот)
- Уплатница за административна такса од 50 денари
- Оригинални свидетелства од сите класови*
- Документ за положена државна матура (Оригинално свидетелство за завршено средно образование)
- Извод од матична книга на родените (оригинал + копија)
- Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
- Уплатница за уплатени 300 денари на жиро сметка на Факултетот за електротехника и информациски технологии
- Изјава за национална припадност (се приложува само ако во свидетелствата и дипломите не е наведена националната припадност, а се печати и од iknow системот)
- Изјава за согласност за користење на лични податоци (се печати и од iknow системот)
- Дипломи што евентуално биле освоени во текот на средното образование согласно точка 2 од одлуката за Стипендии за идните студенти на ФЕИТ.
Упатство за електронско пријавување
Пред поднесувањето на документи за упис, кандидатите ЗАДОЛЖИТЕЛНО ги пополнувааат податоците ЕЛЕКТРОНСКИ преку online Порталот за идни студенти на универзитетот УКИМ www.upisi.ukim.mk.
Најпрво треба да отворите кориснички профил следeјќи го линкот „Регистрирај се“, дури и ако сте се регистрирале во минатите уписни рокови, бидејќи корисничките имиња се избришани. Откако еднаш ќе отворите кориснички профил, следниот пат употребете го своето корисничко име и лозинка за да се најавите на системот – не отварајте нов профил.
Порталот овозможува автоматско генерирање на дел од потребните документи: интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист, изјава за национална припадност и преглед на пополнета уплатница, врз база на внесените податоци на кандидатот.