Прв академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2025/2026

Објавено: септември 25, 2025

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и оваа година традиционално го организира свечениот настан по повод почетокот на новата академска 2025/2026 година.

Првиот академски час ќе се одржи на 1 октомври 2025 година (среда), со почеток во 10:00 часот, на платото кај споменикот на светите Кирил и Методиј. Настанот има за цел да ги обедини сите бруцоши и целата академска заедница на едно место.

Програмата ќе опфати:

  • свечени обраќања,
  • културно-уметнички настапи,
  • информативна сесија на Универзитетското студентско собрание во соработка со „Студентарија“,
  • можности за вмрежување,
  • забавен дел.

Во прилог Ви ја доставуваме официјалната покана и Ве молиме да ја дистрибуирате до новозапишаните студенти, факултетските собранија, наставно-научниот кадар и сите вработени.

Да им посакаме заедно топло добредојде на бруцошите и да ја започнеме академската година со дружење и заедништво!

Ве очекуваме!

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје