Работилницата “Python 101: Основи на работа со звук во Python” беше организирана во петок, 8. 11. 2024 во ФЕИТ ФабЛаб во рамки на активностите по предметот Електроакустика на програмата КХИЕ. Студентите присутни на работилницата имаа можност да се запознаат со програмскиот јазик Python и основите на процесирање на звучните сигнали со него. Дополнително, беа претставени можностите за примена на слободниот софтвер и Python во науката и инженерството, како и основите на работа во терминал на Линукс и поставувањето на виртуелни околини на Python.
Работилницата е поддржана од ФЕИТ ФабЛаб и македонската секција на ИЕЕЕ преку нејзините оддели: здружениот оддел за процесирање на сигнали и инженерство во медицината и биологијата (SP/EMB), здружениот оддел за електронски компоненти, инструментација и мерења, полупроводнички кола (ED/IM/SSC), студентските оддели (SC37 и ED15), како и афинитетната група на доживотни членови на ИЕЕЕ, (LM80077).