На 5-ти октомври 2025 година се оддржа 21-иот Скопски маратон. ФЕИТ како и секоја година зема учество со свои претставници.
Огромен е успехот и оваа година на женската штафетна екипа (проф. Маре Србиновска, Тања Бабунска, асист. Ана Плетварец и асист. Емилија Чона) која го освои четвртото место (од вкупно 27 штафети во оваа категорија), додека машкиот штафетен тим (Димитриј Спасов, Георги Камчевски, Филип Манчев и Андреј Караскаковски) го освои 11-тото место (од вкупно 79 штафети во оваа категорија). Успешен настап за тимот на ФЕИТ постигнаа и: проф. Томислав Шуминоски (на маратонско растојание од 42.2km) и проф. Весна Андова и асист. Јасмина Ангелевска Костадиноска (и двете на 5 км, заедно со нивните деца како најмлади членови во тимот на ФЕИТ).
Деканот на ФЕИТ им го честита одличните постигнувања на сите наши учесници на Скопскиот маратон, со желба и мотив за уште поголеми предизвици и успеси следната година.