Состанок на проектот VoiceKids

Објавено: јуни 5, 2025

ИНОФЕИТ учествуваше на состанок на проектот VoiceKids: Inspiring Children’s Vocal Inclusion, кој се одржа од 14 до 15 мај 2025 година во Скопје, Македонија. Партнерите од 9 европски институции се состанаа за да го презентираат и дискутираат напредокот на тековните активности во проектот. Средбата вклучи две дисеминациски предавања пред студентите учесници на овогодишниот натпревар по роботика RoboMac 2025.

VoiceKids е проект финансиран од Еразмус+ програмата кој има за цел да влијае врз образованието преку интегрирање на технологии за аугментативна и алтернативна комуникација (AAC) и синтеза од текст во говор (TTS) за создавање инклузивни средини за учење.