На почетокот на неделава група студенти од електроенергетските насоки на ФЕИТ започнаа со студентски пракси во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Праксите се вклучени во планот на активности според Меморандумот за соработка меѓу ФЕИТ и Министерството.
Пред започнување со практиканската работа, студентите имаа состанок со министерката, г-ѓа Сања Божиновска, на кој се разговараше за активностите кои би ги имале студентите во рамки на практичната работа, како и за плановите и обврските на Министерството во следниот период. Студентите имаа можност да се запознаат и со дел од вработените, со кои и во следниот период ќе комуницираат и соработуваат.
Ни претставува задоволство што студентите имаат можност да го следат процесот на креирање политики и стекнатите знаења да ги користат во нивното понатамошно професионално делување.