Свечено доделен „Инженерски прстен“ за 2025 година

Објавено: септември 5, 2025

На 3 септември 2025 година, на Плаошник, нашата дипломирана инженерка Рената Павлеска свечено го прими престижното признание „Инженерски прстен“, кое се доделува на најуспешните млади инженери. Овој значаен настан се одржува под покровителство на Претседателот на државата, во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и инженери.
Годинава, по 22 пат, ова признание беше врачено на вкупно 14 најдобри дипломирани студенти од државните универзитети: „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип и Државниот универзитет – Тетово.
Упатуваме искрени честитки до сите добитници, а особено сме горди на нашата Рената Павлеска, на која ѝ посакуваме уште многу успеси и блескава инженерска кариера.