Со огромно задоволство објавуваме дека на 24 јуни 2025 година започна конференцијата International Conference on Signals, Systems and Image Processing (IWSSIP). Настанот кој е од посебна важност за академската и истражувачката заедница, се одржува во елегантниот амбиент на Хотел Александар Палас во Скопје.
Атмосферата е веќе исполнета со голем ентузијазам и динамични дискусии. Учесници од целиот свет ги споделуваат своите најнови истражувања, откритија и иновации од клучните области како што се напредната обработка на сигнали и слики, машинско учење, современи комуникациски системи, интернет на нештата, радари, биомедицински сигнали и слики и друго. Оваа конференција е одлична можност за размена на знаења, вмрежување и создавање нови соработки меѓу врвни експерти и млади истражувачи.
Во текот на следните денови, очекуваме навистина продуктивни и инспиративни сесии, исполнети со интересни предавања, интерактивни презентации и можности за вмрежување.


