На 20.05.2025 година, во спортската сала „Македонски херои“ при ФФОСЗ се одигра финалето од женското одбојкарско натпреварување на УКИМ. Одбојкарскиот тим на ФЕИТ уште еднаш се претстави на високо ниво, демонстрирајќи спортски дух, тимска игра и исклучителна посветеност.
Во возбудливо финале против екипата на Медицинскиот факултет, одбојкарките на ФЕИТ го освоија второто место, со што втора година по ред на факултетот пристигнува спортски пехар – симбол на континуираната успешност и вложениот труд на нашите студентки.
По овој значаен успех, Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Владимир Атанасовски, оствари средба со одбојкарките и лично им честиташе, нагласувајќи ја важноста од нивниот придонес во промовирањето на факултетот преку спортот.
ФЕИТ и понатаму активно ја поддржува студентската спортска активност, препознавајќи ја како важен сегмент во личниот и академскиот развој на студентите. Ги охрабруваме сите заинтересирани студенти да се приклучат кон спортските клубови на факултетот, како дел од културата на здрав живот, тимска соработка и постојано надградување.
Благодариме што го носите името на ФЕИТ со гордост и успех.