Одделение за студентски прашања

Одделението за студентски прашања ги води матичните книги на запишаните и дипломираните студенти, ги оформува и ажурира студентските досиеа од трите циклуси на студии. Одделението е вклучено во реализацијата на Конкурсот за запишување нови студенти секоја учебна година, вршејќи прием на документи и обработка на податоци. Секоја година, Одделението за студентски прашања е активно вклучена во промовирањето на дипломираните инженери и магистри од претходната учебна година, како и наградувањето на студентите со натпросечни резултати. Исто така, Службата ги врши сите потребни анализи и извештаи на барање од деканот на Факултетот, Ректоратот на Универзитетот и Министерството за образование и наука, дава редовни тримесечни извештаи и до Државниот завод за статистика за запишаните и дипломираните студенти. Сепак, најизразена е улогата на оваа служба во секојдневната работа со студентите во врска со издавање барања, уверенија, потврди, вршење заверка и запишување семестри, како и давање потребни информации на студентите.

Работното време – Одделението за студентски прашања работи од 8:00 до 16:00 часот, со пауза од 10:00 до 10:30.
Терминот за работа со студенти е од 12:30 до 14:30 часот.

Персонал:

Трајка Димовска-Анчевскa
Раководител на службата

тел.: (02) 30 99 199
email: trajkada@feit.ukim.edu.mk

Марија Стоилкова
Референт за студентски прашања
тел.: (02) 30 99 199
email: marijas@feit.ukim.edu.mk   

                                     

Виолета Цуцулова
Советник за ЕКТС и iKnow системот
тел.: (02) 30 99 183

email: violetac@feit.ukim.edu.mk

Маријана Митевска
Советник за магистерски и докторски студии

тел.: (02) 30 99 199
email: marijana@feit.ukim.edu.mk