Потребни документи за пријавување

  • Пријавен лист А1 образец (се купува од книжарницата на Факултетот),во пријавата задолжително се впишува идентификацискиот број, којшто кандидатот автоматски го добива од системот при електронското пријавување,
  • Електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk) – универзитетски пријавен лист и интерен лист (се печати од iKnow системот),
  • Оригинал диплома за завршено средно образование*,
  • Оригинал свидетелства за секоја завршена година во средно образование,
  • Оригинал извод од матичната книга на родените и копија од изводот,
  • Оригинал уверение за државјанство,
  • Изјава за користење лични податоци (се печати од електронската пријава),
  • Потврда за уплатa:
    Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00),
    – 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата.

* Задолжително да се направи копија од оригиналните документи