Потребни документи за запишување на кандидати на втор циклус студии во вториот уписен рок 2022/2023

Запишувањето на примените кандидати во вториот уписен рок на втор циклус студии во учебната 2022/2023 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се врши од 21.02. до 23.02.2023 г. од 12:30 до 14:30 часот на шалтерите на Одделението за студентски прашања, со доставување на следните документи:

  • Индекс (пополнет),
  • Пријавен лист за запишување (А3 образец) – пополнет со личните податоци на кандидатот и предметите што ќе се слушаат во овој летен/прв семестар (се купува од книжарницата на факултетот),
  • Две фотографии (3,5 х 4,5) + една за студентска легитимација (2×3),
  • Статистички образец (ВОИ.80А) – се добива од Oдделението за студентски прашања,
  • Договори за студирање (се добиваат во Одделението за студентски прашања),
  • Уплата за школарина од 750 евра (во денарска противвредност) – за прва рата на жиро сметка на ФЕИТ:

Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии

Банка на примачот: НБРМ

Tрезорска сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 160010428678814

Приходна шифра: 723012, програма 41

Цел на дознака: школарина за упис на летен сместар 2022/2023