Компанијата ИТИС дооел Скопје има потреба од вработување дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии од областа електроенергетика.
ИТИС е акредитирано инспекциско тело од ИАРСМ за инспекција на електроенергетски постројки. ИТИС врши инспекциски активности, теренски испитувања, надзор при фабрички испитувања, пуштање во работа на електроенергетска опрема, монтажа на трансформатори и сл. Поради брзиот развој на компанијата и зголемување на побарувачката, потребен е дипломиран инженер по електротехника на позиција Стручно лице, Инспектор за електроенергетика кој би се вклопил во активностите за проектите во Македонија и во различни држави низ светот.
Кандидатите како минимум треба да ги има следните квалификации:
- Дипломиран електро инженер (сите електроенергетски студиски програми)
- Завршено техничко средно училиште – предност
- Искуство како електро инженер – предност
- Искуство / познавање на ATEX (Ex) регулатива – предност
- Познавање и работа со електрични шеми – препорачливо
- Одлично познавање на англиски јазик – неопходно
- Познавање на германски јазик – предност
- Можност и расположливост за работа на терен, во Македонија и на меѓународни проекти во странство, најмалку 60% од годишното работно време
- Одлични комуникативни способности со сите засегнати страни на терен
- Тимски играч и способност да работи под притисок на зададени рокови
- Подготвен за учење нови работи и решавање проблеми на терен
- Организираност и одговорност кон доверените задачи
- Комуникациски способности
- Возачка дозвола најмалку од Б-категорија
- Поради барања на државите во кои се работи, пожелно е кандидатот да поседува меѓународно признат вакцинален КОВИД сертификат.
Опис на работно место
- Испитување на електроенергетски постројки и опрема
- Надзор на фабрички испитувања и проценка на резултати
- Изготвување на извештаи од испитување
- Активно учество, доколку е потребно, во изготвување на технички процедури и записи
- И друго, во согласност со квалификациите и потребите
ИТИС нуди
- Динамична и интересна работна средина со амбициозен тим
- Континуирано усовршување и надградување
- Можност за учество и работа на меѓународни проекти
- Слобода за размислување и идеи (конструктивни и креативни)
Доколку се пронаоѓате и се чувствувате спремни за понуденото работно место, пратете ни поскоро Ваше CV, на е-маил адреса: info@itis.com.mk.
ИТИС дооел Скопје