Оглас за вработување во Мулти Парк – Изаири

Последна измена: јануари 27, 2021

Мулти Парк – Изаири е компанија која започнува со производство на леење на бакарни производи со модерна технологија која се залага да стане модерен и доверлив производител на висококвалитетни одлеаноци од бакар и други обоени метали.

Процесот UPCAST® кој се користи е технологија развиен за производство на жици, прачки и цевки со врвен квалитет од разни обоени метали, односно бакар и легури на бакар без кислород. Мулти Парк Изаири има потреба од:

 ДИПЛОМИРАН ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР
Локација:
Тетово

Главни одговорности:

  • Одговорен е за работа во рамките на полето за електро-одржување и за исправноста на комплетната опрема во фабриката
  • Обавува дневни, неделни и периодични прегледи на опремата и превзема мерки за отстранување на воочените неправилности
  • Да забележува недостатоци на постројките, предлага и превзема мерки за нивно отстранување
  • Да соработува со одделот за машинско оддржување во заеднички интервенции на опремата во поголем обем
  • Да учествува во заедничките активности на службата за електроодржување и другите служби
  • Да дава одобрување за пуштање на опремата во работа после извршена интервенција на истата

Потребни вештини:

  • Дипломиран Електроинженер – насока Автоматика во Индустрија ќе се смета за предност
  • Компјутерски вештини – МС Оffice, AutoCAD (2-D), MS Project, E-plan, PLC programing
  • Работно искуство од мин. 1 годинa ќе се смета за предност
  • Солидно познавање на англиски јазик
  • Познавање на законската регулатива од областа на електротехниката
  • Познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија

Доколку ги поседувате бараните вештини и знаења, ова е извонредна можност да се докажете во меѓународна, безбедна и здрава работна средина со постојани можности за напредок и надградување на вештините и знаењата.

Почетна плата од 30.000 денари.

Ве молиме испратете го Вашето CV на следната адреса info@multipark-izairi.com

За подетални информации ве молиме јавете се на телефон: 071 430 666

WhatsApp / Viber: 00491797332661