Регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај (17-РЕЕКС)

КомпетенцииIII

Студиска програма: 17 – Регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај (17-РЕЕКС)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на академски студии и освоени 240 ЕКТС кредити, или завршени додипломски студии во траење од најмалку 8 семестри пред воведувањето на ЕКТС на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај

Целта на студиската програма е образување на кадри во согласност со потребите на современото стопанство и јавните дејности и врз основа на критериуми за квалитет на наставата на ниво на Универзитетот. Таа содржи фундаментални дисциплини од областа на регулативата на мрежни дејности, дополнети со нови истражувања и сознанија, но и низа нови дисциплини кои се развиени во согласност со современите научни и стручни сознанија. Студиската програма е конципирана на начин кој овозможува стекнување на знаења и компетенции неопходни за магистер од оваа област, кои што ќе претставуваат основа за понатамошно образование и следење на развојот во оваа област.

Семестар 1  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ12004

Избрани проблеми од економија на јавниот сектор

6 3+3 180
4ФЕИТ12007

Основи на договорно и на потрошувачко право

6 3+3 180
  Изборен предмет 1 6 3+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+3 180
  Изборен предмет 3 6 3+3 180
         
  Вкупно 30 15+15 900
Изборни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ12001

Авторско право и сродни права

6 3+3 180
4ФЕИТ10002

Бизнис менаџмент во телекомуникациите

6 3+3 180
4ФЕИТ09004

Енергетска политика и безбедност

6 3+3 180
4ФЕИТ12003

Енергија и климатски промени

6 3+3 180
4ФЕИТ03001

Законска и индустриска метрологија

6 3+3 180
4ФЕИТ10012

Мерења во Интернет

6 3+3 180
4ФЕИТ09007

Механизми за поддршка на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

6 3+3 180
4ФЕИТ09013

Регулатива во енергетиката

6 3+3 180
4ФЕИТ12010

Регулатива во железничкиот транспорт

6 3+3 180
4ФЕИТ06009

Регулатива во областа на животната средина

6 3+3 180
4ФЕИТ10021

Реконфигурабилни мрежи

6 3+3 180
4ФЕИТ12011

Сообраќајна политика и економика

6 3+3 180
4ФЕИТ10024

Стандарди и регулатива за радиофреквенциски спектар

6 3+3 180
4ФЕИТ10026

Стратешко планирање за телеком и Интернет иновации

6 3+3 180
4ФЕИТ09016

Функционирање на пазарите на електрична енергија

6 3+3 180

Семестар 2  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ17 Истражувачки проект од областа на регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај 6 0+6 180
4ФЕИТ00 Магистерски труд 24   720
  Вкупно 30   900