Ангелевска Костадиноска Јасмина

М-р Јасмина Ангелевска, дипл. математичар

Јасмина Ангелевска е родена на 01.10.1990 година во Битола, Република Македонија.

Основно и средно образование завршила во Битола. Во учебната 2009/10 година се запишала на природно-математичкиот факултет во Скопје, на насоката теориска математика. Во учебната 2012/13 се запишува на паралелни студии на природно математичкиот факултет на насока математичко програмирање. Дипломирала во октомври 2013 година со средна оценка од предметите 9.49 на насоката теориска математика, и со средна оценка 9.59 на насоката математичко програмирање.

Во јануари 2016 година, успешно го одбранила својот магистерски труд со наслов „Хаусдорфова димензија, димензија на Минковски и димензија на Асуад за себе-слични и конформални фрактали “ на насоката математички науки и примена, со средна оценка од предметите 9.40. Во јануари 2016 се запишува на школата за докторски студии, насока математички науки и примена.

По дипломирањето, во септември 2014 година е ангажиран како професор во приватната гимназија „НОВА“-Скопје каде работи се до декември 2016 година. Хонорарно работи на ФЕИТ од септември до декември 2016та година како соработник по предметот Математика 1. Од февруари 2017 до септември 2018 го има статусот на соработник на проект и е вклучена во наставно образовниот процес на ФЕИТ. Понатаму, ангажираноста на ФЕИТ ја продолжува под назив демонстратор по предметите Математика 1, 2 и 3 и Веројатност.