1. Наслов на наставниот предмет |
Анализа и дизајн на информациски системи | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ07З002 | |||||||
3. Студиска програма |
КТИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
III/5 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Горан Јакимовски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Моделирање на софтверски решенија со помош на UML дијаграми и вовед во XML структури. По завршување на курсот студентите ќе бидат оспособени за разбирање и проектирање софтверски решенија со помош на UML и работа со XML. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед во дијзан на системи. Вовед во моделирање. Концепти на моделирање во UML. Класен дијаграм и Објектен дијаграм. Use Case дијаграми. Дијаграм на активности. Дијаграм на состојби. Секвентен и Колаборациски дијаграм. Компонентен и имплементациски дијаграм. Мапирање на кориснички барања во UML модели. Полуструктурирани бази на податоци. Вовед во XML и Дефиниција на типови на документи. Вовед во XML Schema. Опишување на XML документи. Мапирање на структурирани бази на податоци во XML. Концепти на полу-структурирани прашања. Поставување на прашања. Поставување на прашања со помош на XPATH. Поставување на прашања со помош на XQUERY. |
||||||||
12. Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
30 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
45 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
25 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
20 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
60 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
10 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
10 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
0 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
80 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Лабораториски вежби и завршена проектна задача | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Во рамки на семестарот предвидено е теоретско и практично полагање на предметот. Теоретското полагање се состои од кратки прашања поврзани со материјалот од предметот, додека пак практичиот дел се полага преку изработка на семинарска работа. Секој студент одбира тема за изработка на проект, кој по изработката го презентира. Полагањето на теоретскиот дел се прави во рамки на испитите сесии. За положување на предметот потребно е да се положи теоретскиот дел (најмалку 50%) и да ја има изработено семинарската работа. Практичниот дел придонесува за 70% од оцената, додека пак теоретскиот дел останатите 30% | |||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Russ Miles, Kim Hamilton | Learning UML 2.0: Pragmatic introduction to uml | O’Riley | 2006 | ||||
2 |
Erik T. Ray | LEarning XML, Second Edition | O’Riley | 2003 | ||||
3 |
Eliotte Harold | XML bible, 3rd edition | John Wiley & Sons | 2004 |