Антенска техника

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Антенска техника
2. Код 4ФЕИТ05Л004
3. Студиска програма КХИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/6 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Андријана Кухар
9. Предуслов за запишување на предметот Положен: Математика 1
10. Цели на предметната програма (компетенции). Формирање основа за основните методи за конструкција на елементарни антени и сложени антенски системи. Запознавање со постапките за разрешување на низа практични проблеми сврзани со експлоатација на антените. Анализа на зрачењето на современи антенски системи со користење на електромагнетни симулатори.
11. Содржина на програмата: Преглед на основните карактеристики на антените. Елементарни конструкции на линеични антени, електрично продол­жена антена, V-антена, свиткан дипол. Прилагодување на напоју­вањето на антените. Униформни и неуниформни антенски низи. Елементи од синтезата на антенските низи. Антени со проширено подрачје и антени за две фреквенции (GSM). Широкопојасни антени. Антени за микробраново подрачје, процеп антена, антени со бавни и брзи патувачки бранови. Антена со инка, рефлектор и леќа. Микролентести антени. Осврт на теоријата на цилиндрична антена. Компјутерска симулација на зрачењето од современи антенски системи.
12.Методи на учење Активно учество во наставата и вежбите, изработка на домашни и лабораториски задачи и тимски семинарски работи.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 20
16.2. Самостојни задачи 20
16.3. Домашно учење 65
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 10
17.3. Активност и учење 30
17.4. Завршен испит 60
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработка на лабораториските вежби
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Студентот може да учествува во изработка на опционална проектна задача која треба да се предаде најдоцна до завршувањето на семестарот.
Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, изработка на лабораториските вежби и проектната задача.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, изработка на лабораториските вежби и проектната задача.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Љ. Јанев Предавања по антенска техника 2011
2 J. Volakis Antenna Engineering Handbook, 5th Ed. McGraw-Hill Education 2019
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 E. Zentner Radiokomunikacije Školska knjiga, Zagreb 1980