Автоматизација на производни постројки и процеси

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Автоматизација на производни постројки и процеси
2. Код 4ФЕИТ01З001
3. Студиска програма КСИАР
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/7 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Душко Ставров
9. Предуслов за запишување на предметот Положен: Теорија на автоматско управување 1
10. Цели на предметната програма (компетенции). Цел на оваа дисциплина е оспособување на кандидатите за работа со индустриски постројки од различен тип. Со успешно завршување на предметот студентите ќе бидат оспособени со следните вештини: читање на индустриски управувачки шеми, читање и цртање на електрични шеми, проектирање на алгоритми на управување за индустриски процеси , проектирање на систем за автоматско управување на постројка.
11. Содржина на програмата: Општи аспекти на процесна автоматизација; Физички основи и карактеристики на технолошкиот процес; Tипови на управувачки структури: управување нанапред, управување на сооднос, каскадно управување, управување базирано на модел, адаптивно управување, управување на повеќевеличински системи; Запознавање со индустриски печки; Изучување на често застапени процеси и постројки во индустријата: транспорт на флуиди, мешање на течности, таложење и центрифугирање на течни суспензии, филтрација на течни суспензии, филтрирање и очистување на гасови, загревање и ладење на течности во топлоизменувачи, термоенергетски агрегати и согорување на фосилно гориво, индустриска ладилна постројка, автоматизација на процеси на дестилација, автоматизација на термоелектрана, сушење во ротациони печки. Проектирање систем за автоматско управување на постројка: цртање на електрични шеми со помош на CAD софтвер, димензионирање на кабли и заштитна опрема, избор на управувачка опрема и нејзино поврзување кај систем за автоматско управување на постројка. Четврта индустриска револуција.
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, проектни задачи и аудиториски вежби, сето тоа дополнето со практични вежби во лабораторија.
13. Вкупен расположив фонд на часови 2 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 80
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и навремено изработени лабораториски вежби.
20. Начин на полагање на испитот

Предвидени се два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути) и задолжителен проект, кој студентите треба да го реализираат и презентираат во текот на семестарот .

1. За студентите кои ги положиле парцијалните испити, и успешно го имаат реализирано и презентирано проектот, се смета дека го положиле предметот. Презентација на проектот се одвива во времетраење не подолго од 60 минути. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити и поените добиени од проектот.
2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит, и кои претходно, за време на семестарот го реализирале и презентирале проектот, се смета дека го положиле предметот. Во конечната оценка влегуваат поените од завршниот писмен испит и поените добиени од проектот.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Harold L. Wafe Basic and Advanced Regulatory Control: System Design and Application ISA 2004
2 William Y. Svrcek, Donald P. Mahoney, Brent R. Young A Real Time Approach to Process Control Wiley 2006
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 S. Jeschke, et. al. Industrial Internet of Things Springer 2017
2 Jorgen Sommer Electrical documentation according to standards PCSCHEMATIC A/S 2011
3 IEC International standard: IEC 60364-5-52 IEC 2009
4 Schneider Electric Electrical Installation Guide Schneider Electric 2018
5 Schneider Electric Automation Solution Guide Schneider Electric 2008