Автомоблска електроника

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Автомоблска електроника

2.    Код

3ФЕИТ05Л002

3.    Студиска програма

КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/8

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Љупчо Караџинов

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Оспособување на студентот за разбирање на принципите на работа на електричните и електронските системи во автомобилите; оспособување за анализа, симулирање и проектирање на електронските системи за управување на механичките системи во автомобилите; оспособеност за тестирање и верификација на системите од автомобилската електроника.

11.    Содржина на програмата: Вовед. Основни принципи. Автомобилски сензори за притисок, позиција, проток, температура, влажност, брзина, забрзување, кислород, торк, светло и растојание, карактеризација и моделирање, селекција на сензори, интерфејси, меморирање и процесирање на сигналите за специфични апликации. Системи за управување: моделирање на динамичкото однесување, временски и фреквенциски одѕив, методи на автоматско управување, анализа на стабилноста, дискретни и дигитални системи за автоматско управување, проектирање на контролери за автомобилски системи. Примена на уредите од енергетската електроника за управување на електричните мотори и актуатори кај автомобилите.  Комуникациони протоколи: анализа и имплементација на комуникационите протоколи, пренос на податоци, кондиционирање на сигналите. Дијагностички протоколи. Електрични и хибридни возила.

12.    Методи на учење: Следење предавања, поканети гости предавачи, аудиториски и лабораториски вежби, проектни задачи, самостојно учење.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 0 + 2 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

15

16.2. Самостојни задачи

0

16.3. Домашно учење

90

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

30

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изведени и колоквирани лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

анонимни анкети на студентите, самоевалуација, екстерна евалуација

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Tom Denton

Automobile Electrical and Electronic Systems, Fourth Edition

Butterworth-Heinemann

2011

2

Nicolas Navet, Francoise

Аutomotive Embedded Systems Handbook

CRC Press

2009

3

John F. Kershaw

Classroom Manual for Automotive Electrical and Electronic Systems

Prentice Hall

2007

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

William B. Ribbens

Understanding Automotive Electronics,  5-th  edition

Newnes

2006

2

Ronald k. Jurgen

Automotive Electronics Handbook, 2-nd edition

McGraw-Hill

2007