Безбедност и надежност на компјутерско комуникациски системи

Последна измена: јули 27, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Безбедност и надежност на компјутерско комуникациски системи
2. Код 4ФЕИТ07002
3. Студиска програма 7-НКС, 8-КМ-ИНН, 20-ИМСА, 21-ПНМИ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Данијела Ефнушева
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Продлабочени познавања од полето на безбедност и заштита на компјутерските и мрежните околини. Примена на стекнатите познавања во практични системи во делот на компјутерски системи и мрежи од сите можни типови. Примена на машинско учење при имплементирање на безбедност на системи. Заштита на критични податоци. Проценка на надежност на компјутерско-комуникациски системи.

11. Содржина на програмата:

Вовед и основни поими. Етички норми и одговорност. Структура на криптирање. Примери на протоколи за криптирање. Криптирање со тајни клучеви. Криптирање со јавни клучеви. Пробивање на криптирани системи. Основни заштитни механизми кај оперативните системи. Архитектура на системите за заштита кај оперативни системи, автентикација, контрола на пристап: листи на пристап, имплементација на контрола на пристап (Unix, Java), Bell и La Padula модели, Механизми на оперативни системи за подршка на MAC политиките, безбедносни политики Clark-Wilson и Кинески ѕид. Слабости на заштита кај оперативните системи. Безбедни јадра на опер. системи. Заштитни механизми кај TCP/IP базираните мрежи и кај DNS. IPsec протокол. Заштитни бедеми (Firewalls). Заштита на веб апликации и сервери. Заштита и напади кај бази на податоци. Детекција на вируси, тројански коњи и обиди за неовластено најавување.  Spam, spoofing, man-in-the-middle, DoS, DDoS агенти и мобилни кодови. IDS/IPS системи. Примена на машинско учење во IDS системи. Разгледување, анализа и селекција на соодветни техники за машинско учење според проблемот на детекција; Протоколи за безбедни електронски трансакции. Заштита кај паметни и други видови на картички.  Дефиниции и мерки за надежност и доверливост. Надежност и моделирање на расположивост. Детекција на грешка и кодови за корекција на грешка. Дизајн на доверлив систем: транзиентни наспроти перманентни грешки во хардверот. Извори на грешки во софтверот. Техники за толеранција на грешка. Доверливост кај VLSI уредите; системи за воздушна контрола, телекомуникациони системи, апликации за индустриска контрола. Доверливи системи за процесирање на трансакции. Софтверски пристапи и софтверска доверливост. Модели за софтверска надежност. Методи за софтверска доверливост. Доверливост кај оперативните системи и податочните структури. Доверливост кај бази на податоци и дистрибуирани системи. Дизајн на тестови. Методи за генерирање на тестови. Automatic Test Pattern Generation (ATPG). Те

12. Методи на учење:

Предавања, самостојно учење, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3

 

15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 10 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 40 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и изработена семинарска работа.
20. Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот, може да се полагаат тестови кои се спроведуваат во текот на часовите. На крај на семестарот или во другите испитни сесии, се полага писмен испит во времетраење од најмногу 120 минути. Се изработува семинарска работа или проектна задача (тимска или индивидуална). Во конечната оценка влегуваат поените од испитот, тестовите и од семинарската работа или проектната задача. Со посебно упатство објавено пред секој испит, се уредува начинот на полагање и користењето на учебни помагала и електронски уреди за време на испитот.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.            Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. William Stallings Cryptography and Network Security: Principles and Practice 8th Edition Pearson 2020
2. Marvin Rausand, Anne Barros, Arnljot Hoyland System Reliability Theory: Models, Statistical Methods, and Applications, 3rd Edition Wiley 2020
3. Clarence Chio, David Freeman Machine Learning and Security: Protecting Systems with Data and Algorithms O’Reilly Media 2018
23.2.            Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Arne Mikalsen, Per Borgesen  Local Area Network Management, Design and Security: A Practical Approach  Wiley  2002