Безжични и мобилни системи и сервиси

Објавено: февруари 12, 2019

Предмет: Безжични и мобилни системи и сервиси

Код: 3ФЕИТ10001

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Лилјана Гавриловска

Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со концептите, примената и идните насоки на развој на безжичните мрежи и мобилните системи. Распознавање на напредните функционални и технички карактеристики на различни мрежни концепти, технички решенија, архитектури и протоколи. Разбирање на глобалните развојни насоки во доменот на безжичните мрежи и мобилните системи. Самостојно решавање на проблеми од областа на безжичното омрежување и управување. Тенденции на развој.

Содржина на предметната програма: Вовед. Проблеми на спектар. Стандардизација. Архитектури и протоколи. Пристапни техники и концепт на RAN. Развој и карактеристики на xG генерации на мобилни системи (3G, 4G, 5G, 5GB). Аспекти на QоS. Анализа на перформанси на алгоритми за управување со радио ресурси во безжични и мобилни мрежи (контрола на моќност, хендовер, пристап, натрупување). Управување со конекции (мобилност, сесии). Безжични мрежни стандарди (IEEE 802.x). Напредни мрежни архитектури (Cloud-RAN, fog, MEC). Виртуелизација. Анализа на конкретни сценарија. Иновативни омрежувања (M2M, IoT, IoE) и сервиси. Идни насоки на развој на безжични мрежи и мобилни системи. Хетерогени концепти. Нови стандарди.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1E. Dahlman, S. Parkval and J. Skold4G, LTE-Advanced Pro and The Road to 5GAcademic Press2016
2W. Xiang, K. Zheng and X. S. Shen5G Mobile CommunicationsSpringer2016
3L.Gavrilovska,S.Krco,V.Milutinovic, I. Stojmenovic, R. TrobecApplication and Multidisciplinary Aspects of Wireless Sensor networks: concepts, integration and case studiesSpringer2011
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Bernhard H. Walke, Stefan Mangold, Lars BerlemannIEEE 802 Wireless Systems: Protocols, Multi-Hop Mesh / Relaying, Performance and Spectrum CoexistenceJohn Wiley & Sons2006