| 1. Наслов на наставниот предмет | Безжични IP мрежи | |||||||
| 2. Код | 4ФЕИТ10Л002 | |||||||
| 3. Студиска програма | ТКИИ | |||||||
| 4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
| 5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
| 6. Академска година / семестар | IV/8 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
| 8. Наставник | Д-р Тони Јаневски | |||||||
| 9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Интернет технологии | |||||||
| 10. Цели на предметната програма (компетенции). Цел на предметот е изучување на безжичните IP мрежи, вклучувајќи го мобилниот Интернет, квалитетот на сервисите во мобилните мрежи, Интернет/IP конективноста преку Wi-Fi, 4G и 5G мрежи, нивниот QoS (Quality of Service) и QoE (Quality of Experience). Исто така, цел се и мултимедиските сервиси преку безжични IP мрежи, како и идните мобилни сервиси и апликации. Со предметот студентот се стекнува со компетенции и вештини за работа со модерните IP-базирани безжични мрежни. | ||||||||
| 11. Содржина на програмата: Еволуција до безжични all-IP мрежи: од 2G до 4G и 5G. Мобилен Интернет. Мобилен IP (Mobile IP, Mobile IPv6), управување со мобилноста. Квалитет на сервисите (QoS) во безжични IP мрежи, QoS архитектури во 3G, 4G и 5G, QoS/QoE мерења во мобилни IP-базирани мрежи. Говор преку IP (VoIP) преку безжични IP мрежи. QoS аспекти на преносот на VoIP преку безжични IP мрежи (VoLTE, OTT VoIP). TCP/IP во безжични мрежи. Интернет/IP преку Wi-Fi пристап. QoS поддршка во WiFi. Интернет/IP преку 4G мобилни мрежи. IP мултимедиски систем (IMS) и фиксна-мобилна конвергенција. Интернет/IP конективност преку 5G. Протоколен стек и перфоманси на IP/Интернет сервисите преку 5G мрежи. Мултимедиски сервиси и апликации преку безжични IP мрежи (видео стриминг, мобилен IPTV). Нови мобилни сервиси и апликации (сервиси во мобилен облак, AR/VR/XR, масивен Интернет на нештата, критични мобилни сервиси). | ||||||||
| 12.Методи на учење Методот на учење е базиран на теоретски предавања на студентите, дополнети со тематски аудиториски и лабораториски вежби, консултации со студентите, како и изработка на семинарски работи или проектни задачи. | ||||||||
| 13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
| 14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
| 15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
| 15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
| 16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 50 | ||||||
| 16.2. Самостојни задачи | 0 | |||||||
| 16.3. Домашно учење | 55 | |||||||
| 17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
| 17.2. Семинарска работа/проект | 40 | |||||||
| 17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
| 17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
| 18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
| од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
| од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
| од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
| од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
| од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
| 19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Завршени сите активности по предметот, предавања, аудиторсики и лабораториски вежби. | |||||||
| 20. Начин на полагање на испитот | Два колоквиуми во текот на семестарот или писмен испит во предвидените испитни сесии. Студентот опционално ќе може да изработи семинарска работа и да ја предаде до крајот на семестарот. | |||||||
| 21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
| 22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација. | |||||||
| 23. Литература | ||||||||
| 23.1. Задолжителна литература | ||||||||
| Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
| 1 | Тони Јаневски | Безжични IP мрежи | ФЕИТ интерна скрипта | 2021 | ||||
| 23.2. Дополнителна литература | ||||||||
| Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
| 1 | Тони Јаневски | Internet technologies for Fixed and Mobile Networks | Artech House, USA | 2015 | ||||
| 2 | Тони Јаневски | QoS for Fixed and Mobile Ultra-Broadband | Wiley (Wiley-IEEE series) | 2019 | ||||
| 3 | Тони Јаневски | Traffic Analysis and Design of Wireless IP Networks | Artech House, USA | 2003 | ||||
 
			
