Безжични комуникации

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Безжични комуникации
2. Код 4ФЕИТ10Л003
3. Студиска програма ТКИИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/6 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Венцеслав Кафеџиски
9. Предуслов за запишување на предметот Ислушан: Дигитални телекомуникации 1
10. Цели на предметната програма (компетенции). Студентот ќе се стекне со фундаментални познавања на основните техники на пренос на сигнали по безжични фединг канали (модулации, кодирање, диверзитет), како и понапредните техники на пренос со интелигентни антени и MIMO системи и ќе се оспособи да го анализира функционирањето и да проектира различни постојни и идни безжични телекомуникациски системи.
11. Содржина на програмата: Поделба на large-scale и small-scale фединг. Слабеење од простирање во слободен простор. Емпириски модели. Засенување. Статистичка карактеризација на временски променливи канали. Рејлиев и Рајсов фединг. Детекција во услови на бавен, рамен фединг. Веројатност на испад. Типови на диверзитет и техники на комбинирање. Заштитно кодирање кај фединг канали: интерливинг и веројатност на грешка. Адаптивен пренос кај фединг канали: адаптивна предавателна моќност, адаптивна модулација, адаптивно кодирање. Клеточни системи. Сигнали со експандиран спектар со директна секвенца и фреквенциско скокање. Модулација со повеќе носители. OFDM и нејзини варијанти. Антенски полиња и интелигентни антени. Типови на антенски полиња. Бимформинг и одредување правец на доаѓање на зрак. МИМО системи – модел на канал и капацитет. Просторно временско кодирање и просторно мултиплексирање. Повеќекориснички пристап – ортогонален и неортогонален. Повеќекориснички МИМО и масивни МИМО системи.
12.Методи на учење Преку предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, домашно учење, проектни задачи, самостојни задачи, посета на компании и предавања од експерти од стопанството.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 75
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 15
17.2. Семинарска работа/проект 15
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 70
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби.
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби. За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит.
Студентот треба да изработи семинарска работа и истата да ја предаде најдоцна до терминот за испит.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред, освен калкулатор.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Венцеслав Кафеџиски Безжични комуникации Интерна скрипта ФЕИТ 2021
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Андреас Ф. Молиш Безжични комуникации, 2 издание Вајли-ИЕЕЕ 2010
2 Андреа Голдсмит Безжични комуникации Кембриџ Универзити Прес 2005