Безжични мрежи и мобилни системи

Последна измена: октомври 25, 2019

1.    Наслов на наставниот предмет

Безжични мрежи и мобилни системи

2.    Код

3ФЕИТ10З007

3.    Студиска програма

КТИ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Лилјана Гавриловска

9.    Предуслов за запишување на предметот

Ислушани: Безжични комуникации, Телесообраќаен инженеринг

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со концептите, примената и идните насоки на развој на безжичните мрежи и мобилните системи. Распознавање на основните функционални и технички карактеристики на различни мрежни концепти, технички решенија, архитектури и протоколи. Разбирање на глобалните развојни насоки во доменот на безжичните мрежи и мобилните системи. Самостојно решавање на проблеми од областа на безжичното омрежување. Тенденции на развој.

11.    Содржина на програмата: Вовед и историјат. Основни поими (класификација, целуларен концепт, покриеност, интерференција, хендовер, итн.) Проблеми на спектар. Стандардизација. Типови на мрежи: безжични (cordless), целуларни, пакетски ориентирани, локални, сензорски, персонални итн. Архитектури и протоколи. Пристапни техники и концепт на RAN. Развој и карактеристики на xG генерации на мобилни системи (2G, 3G, 4G, 5G). Поддршка на IP. QоS. Сигурносни аспекти. Планирање и менаџмент на безжични мрежи. Иновативни омрежувања (M2M, IoT, IoE). Енергетски ефикасни омрежувања. Идни насоки на развој на безжични мрежи и мобилни системи. Хетерогени концепти. Нови стандарди.

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи, посета на релевантни телекомуникациски компании, поканети предавања на експерти од телекомуникациската индустрија

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и комплетно изработени лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

M. SauterFrom GSM to LTE: An Introduction to Mobile Networks and Mobile BroadbandWiley2010

2

B. WalkeIEEE 802 wireless systems:  protocols, multi-hop mesh/relaying, performance and spectrum coexistenceJ.Willey & Sons2006

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

J. Bannister, P. Mather, S. CoopeConvergence Technologies for 3G Networks: IP, UMTS, EGPRS and ATMWiley2004

2

E. Dahlman, S. Parkval and J. Skold4G, LTE-Advanced Pro and The Road to 5GAcademic Press2016

3

W. Xiang, K. Zheng and X. S. Shen5G Mobile CommunicationsSpringer2016