Биометрика и видео набљудување

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Биометрика и видео набљудување

Код: 3ФЕИТ05002

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Димитар Ташковски

Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно завршување на курсот, студентот ќе може: да ги објасни концептите на биометриските и модели на видео набљудување прикажани во курсот, да ја проценува соодветноста на одредени модели за дадено сценарио, да ги користи биометриските компоненти од даден систем како и видеото за постигнување на одредена сигурносна цел, да ги процени потенцијалните ограничувања на елементите во даден систем, да дизајнира биометриски и видео решенија за дадено апликативно сценарио, да може да ги искажува резултатите од своите истражувања на јасен и прецизен начин.

Содржина на предметната програма: Вовед во биометрика. Биометриски ситеми базирани на препознавање на отисок од прст. Биометриски ситеми базирани на препознавање на шаренка од око (ирис). Препознавање на ликови и нивна локализација во слики. Методи базирани на препознавање на ретина. Идентификација на луѓе базирана на чекорење (од). Фузија во биометрика (мултибиометрика). Нови трендови во биометрика.  Видео набљудување- вовед. Кус осврт на системи за видео аквизиција и подобрување на квалитетот на видео, техники за детекција на движење и следење на објекти. Препознавање на луѓе и нивни активности во видео. Интелигентни техники за набљудување.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

John D. Woodward Jr., et al Biometrics McGrow-Hill Osborne Media 2002

2

A. K. Jain, P. Flynn, A. Ross, Handbook of Biometrics Springer, 2007