Биометрика и видео набљудување

Последна измена: јули 27, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Биометрика и видео набљудување
2. Код 4ФЕИТ05006
3. Студиска програма 10-ДПСМ, 21-ПНМИ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Димитар Ташковски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Со успешно завршување на курсот, студентот ќе може: да ги објасни концептите на биометриските и модели на видео набљудување прикажани во курсот, да ја проценува соодветноста на одредени модели за дадено сценарио, да ги користи биометриските компоненти од даден систем како и видеото за постигнување на одредена сигурносна цел, да ги процени потенцијалните ограничувања на елементите во даден систем, да дизајнира биометриски и видео решенија за дадено апликативно сценарио, да може да ги искажува резултатите од своите истражувања на јасен и прецизен начин.

11. Содржина на програмата:

Вовед во биометрика. Биометриски ситеми базирани на препознавање на отисок од прст. Биометриски ситеми базирани на препознавање на шаренка од око (ирис). Препознавање на ликови и нивна локализација во слики. Методи базирани на препознавање на ретина. Идентификација на луѓе базирана на чекорење (од). Фузија во биометрика (мултибиометрика). Нови трендови во биометрика.  Видео набљудување- вовед. Кус осврт на системи за видео аквизиција и подобрување на квалитетот на видео, техники за детекција на движење и следење на објекти. Препознавање на луѓе и нивни активности во видео. Интелигентни техники за набљудување.

12. Методи на учење:

Предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите, домашни задачи и проектни задачи

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење  бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно присуство на предавањата
20. Начин на полагање на испитот Проектна задача и завршен испит.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. John D. Woodward Jr., et al Biometrics McGrow-Hill Osborne Media 2002
2. A. K. Jain, P. Flynn, A. Ross, Handbook of Biometrics Springer, 2007