Диференцијални равенки

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Диференцијални равенки

Код: 3ФЕИТ08005

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Сања Атанасова

Цели на предметната програма (компетенции): Да се усвојат основните поими од теоријата на диференцијални равенки. Студентот да умее да ги класифицира диференцијални равенки, да применува различни методи за нивно решавање, да биде оспособен за формулирање и решавање проблеми, да ги користи  диференцијални равенки како математички модел за разни појави во електротехниката и информациските технологии.

Содржина на предметната програма: Диференцијални равенки, типови, квалитативна анализа. Егзистенција и единственост на решението на диференцијална равенка.  Диференцијални и интегрални неравенки и некои теореми за споредување. Зависност на почетните услови од параметар. Линеарни и квазилинеарни парцијални диференцијални равенки од прв ред. Парцијални диференцијални равенки од втор ред. Гранични проблеми за елиптични равенки. Кошиев проблем за параболична равенка. Задача на Штурм-Лиувил.  Моделирање и решавање на проблеми од инженерство.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1William E. BoyceElementary Differential Equations and Boundary Value problemJohn Wiley &Sons2003
2J. Ockendon, S. Howison, A. Lacey, A. MovchanApplied Partial Differential EquationsOxford University Press, USA2003
3Stanley J. FarlowPartial Differential Equations for Scientists and EngineersDover Publications1993