Дигитален CMOS дизајн

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Дигитален CMOS дизајн

2.    Код

3ФЕИТ05Л009

3.    Студиска програма

КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/6

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Катерина Ралева

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со принципите на дизајнирање на дигитални кола и системи во CMOS технологија и ограничувањата кои произлегуваат од технолошкиот дизајн. По завршување на курсот, студентот ќе биде оспособен за анализа и дизајн на дигитални логички кола и дигитални системи во CMOS технологија.

11.    Содржина на програмата: Вовед во CMOS VLSI дизајн. Теорија на MOS транзистор. Статички и динамички карактеристики на инвертор во NMOS технологија. Статички и динамички карактеристики на CMOS инвертор. Комерцијални CMOS логички кола. BiCMOS логички кола. Моностабилни и астабилни мултивибратори со CMOS логички порти. Основни параметри на логичките порти.  Димензионирање на  CMOS инвертор. Определување на пропагационото доцнење и динамичката дисипација кај CMOS инвертор. Статички CMOS дизајн (CMOS комплементарна логика, PTL логика, псевдо-NMOS логика, DCVSL логика). Динамички CMOS дизајн (динамички CMOS инвертор, каскадирање, домино логика). Дизајнирање на секвенцијални логички кола (статички и динамички CMOS дизајн на лечеви и флипфлопови).Репрограмабилни мемории (ROM, PROM, EPROM, EEPROM, FLASH), мемории со произволен пристап (SRAM, DRAM, SSRAM, SDRAM, DDR, RDRAM). Читање и запишување во SRAM и DRAM мемориска ќелија.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

90

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

30

17.2. Семинарска работа/проект

0

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

60

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Следење на предавањата и аудиториските вежби и успешно изведени лабораториски вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

J. M. Rabaey, A. Chandrakasan, and B. Nikolic

Digital Integrated Circuits (2nd ed)

Prentice Hall

2003

2

Адел С. Седра, Кенет Ц. Смит

Микроелектронски кола

Арс Ламина (превод на македонски)

2009

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Neil H.E. Weste, David Harris

CMOS VLSI Design: a circuits and systems perspective

Addison Wesley

2005