| 1. | Наслов на наставниот предмет | Дигитална расклопна техника и заштита на ЕМТ | ||||||||||||
| 2. | Код | 4ФЕИТ02004 | ||||||||||||
| 3. | Студиска програма | 2-ЕМА | ||||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | ||||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | ||||||||||||
| 6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | |||||||||
| 8. | Наставник | Д-р Влатко Стоилков | ||||||||||||
| 9. | Предуслов за запишување на предметот | |||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Со успешно положување на предметот, кандидатот ќе се стекне со знаења за примената на расклопната техника во современите станбени, деловни и индустриски објекти и постројки, како и системите за заштита на електрични машини и трансформатори. Студентот ќе се стекне со компетенции за примена на расклопната техника и аспектите на заштита на електричните машини и трансофрматори од различни влијанија од мрежата и оптоварувањето. |
|||||||||||||
| 11. | Содржина на програмата:
Структура на нисконапонските и високонапонските прекинувачки и управувачки системи. Начин на делување и поделба на прекинувачките уреди. АД конверзија на сигнали. Пренос и обработка на мерни сигнали. Одлики на мерните уреди во расклопните системи. Дигитални уреди за заштита, надзор и приказ на состојбите во регулирани процеси. Извршни уреди во ДРТ. Статички и динамички карактеристики на уредите за ДРТ. Интегрирање на управувачко-расклопни системи. Електромеханички системи во ДРТ. Примена на интелигентно управување во ДРТ. Комуникациски системи и SCADA програми во ДРТ. Параметри и елементи на заштита на електрични машини и трансформатори од преоптоварувања, влијанија на мрежа и друди состојби во електроенергетската мрежа. |
|||||||||||||
| 12. | Методи на учење:
Предавања, интетрактивни консултации, самостојна работа, презентации |
|||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | ||||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | ||||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | ||||||||||
| 15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | ||||||||||||
| 16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | ||||||||||
| 16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | ||||||||||||
| 16.3 | Домашно учење | 30 часови | ||||||||||||
| 17. | Начин на оценување | |||||||||||||
| 17.1 | Тестови | 20 бодови | ||||||||||||
| 17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 50 бодови | ||||||||||||
| 17.3. | Активност и учење | 30 бодови | ||||||||||||
| 17.4. | Завршен испит | 0 бодови | ||||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | |||||||||||
| од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | |||||||||||||
| од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | |||||||||||||
| од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | |||||||||||||
| од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | |||||||||||||
| од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | |||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Завршување на зададените обврски и дефинираните проектни задачи | ||||||||||||
| 20. | Начин на полагање на испитот | |||||||||||||
| 21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | ||||||||||||
| 22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | ||||||||||||
| 23. | Литература | |||||||||||||
| 23.1. | Задолжителна литература | |||||||||||||
| Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||||||||
| 1. | Vladimir Gurevich | Power Supply Devices and Systems of Relay Protection | CRC Press | 2013 | ||||||||||
| 23.2. | Дополнителна литература | |||||||||||||
| Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||||||||
| 1. | web-извори | |||||||||||||

