Дигитални телекомуникации 2

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Дигитални телекомуникации 2
2. Код 4ФЕИТ10Л007
3. Студиска програма ТКИИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/6 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Александар Ристески
9. Предуслов за запишување на предметот Положен: Математика 2
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со потребата од примена на различни кодирања во дигиталните телекомуникациски системи. Проучување на различни шеми за заштитно кодирање и нивно декодирање. Концепт за конкатенација на кодови и итеративно кодирање. Примена на кодни секвенци за сигнали со експандиран спектар. Сигурносни аспекти на дигиталните телекомуникациски системи.
11. Содржина на програмата: Вовед. Потреба од кодови. Класификација. Скремблирање. Линиски кодови и нивни спектри. Заштитно кодирање. Линеарни блоковски кодови. Генераторска матрица и матрица за контрола на парност. Циклични кодови. Тврдо и меко декодирање на блоковски кодови. Конволуциски кодови, генерирање и претставување, преносна функција. Тврдо и меко декодирање на конволуциски кодови, Viterbi алгоритам. Трелис кодирана модулација. Модулациски постапки со меморија. Конкатенации на кодови. Сериска, паралелна, хибридна конкатенација. Итеративно декодирање. Турбо кодови. LDPC кодови. Примена на кодирање за пренос на сигнали со експандиран опсег. Сигнали со експандиран опсег со директна секвенца. Генерирање на PN секвенци. Основни поими за сигурност во дигиталните телекомуникациски системи.
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 10
16.2. Самостојни задачи 10
16.3. Домашно учење 85
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 10
17.2. Семинарска работа/проект 10
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 80
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и комплетно изработени лабораториски вежби.
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот, се полагаат два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од најмногу 90 минути) и тестови кои се спроведуваат во текот на часовите. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити и тестовите.
Во испитните сесии се полага писмен испит (времетраење најмногу 120 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од испитот и тестовите.
Со посебно упатство објавено пред секој испит, се уредува начинот на полагање и користењето на учебни помагала и електронски уреди за време на испитот.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Александар Ристески Предавања по Дигитални телекомуникации 2 Интерна скрипта 2021
2 Збирка решани задачи по Дигитални телекомуникации 2 Интерна скрипта 2021
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 J. G. Proakis Digital Communications McGraw-Hill 2001
2 Проакис, Салехи Дигитални комуникации, петто издание 2010