Дигитални валути

Последна измена: октомври 25, 2019

1.    Наслов на наставниот предмет

Дигитални валути

2.    Код

3ФЕИТ10Л010

3.    Студиска програма

ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/8

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Александар Ристески, Д-р Борислав Поповски, Д-р Валентин Раковиќ, Д-р Венцеслав Кафеџиски, Д-р Владимир Атанасовски, Д-р Зоран Хаџи-Велков, Д-р Лилјана Гавриловска, Д-р Марко Порјазоски, Д-р Перо Латкоски, Д-р Славче Пејоски, Д-р Томислав Шуминоски, Д-р Тони Јаневски

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основните концепти на дигиталните валути и различни аспекти од нивната примена: носечки технологии и ИКТ инфраструктура, криптографски алгоритми, дигитални паричници, рударење, сигурност и приватност, регулатива и бизнис апликации. Запознавање со различни видови на дигитални валути и технологии (Bitcoin, Blockchain, Synereo, Counterparty, Hyperledger, DECENT Network.

11.    Содржина на програмата: Вовед. Краток преглед на историјата на парите и валутите. Краток преглед на носечки технологии за дигитални валути. Основен концепт на дигиталните валути. ИКТ системи за дигитални валути. Примена на симетрична и асиметрична криптиграфија во дигиталните валути. Видови на дигитални валути. Bitcoin и aлтернативни дигитални валути. Карактеристики на Bitcoin. Трансакции со Bitcoin. Концепти на Blockchain. Blockchain технологии: Synereo, Counterparty, Hyperledger, DECENT Network. Аспекти на интелигентни договори. Blockchain апликации. Дигитални паричници. Рударење на (mining) на дигитални валути. Приватност на дигиталните валути. Сигурност на дигиталните валути. Ризици при користење на дигитални валути. Кибер-криминал со дигитални валути. Светски трендови за правна рамка и регулатива за дигитални валути. Економски аспекти на дигиталните валути и нивна примена. Бизнис апликации за дигиталните валути.

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

20

16.2. Самостојни задачи

20

16.3. Домашно учење

65

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

70

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и комплетно изработени лабораториски вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

PEDRO FRANCO Understanding Bitcoin – Cryptography, engineering, and economics Wiley 2015

2

Satoshi Nakamoto Bitcoin:  A Peer-to-Peer Electronic Cash System   2009