11. |
Содржина на програмата:
1. Основи на дигитално аудио, принципи на дигитализација на звукот, фреквенција на семплирање, надсемплирање, џитер. 2. Работа со аудиосигналите во дигитален домен; квантизација, резолуција и шум на квантизација, дитер, обликување на шумот. 3. Фуриеова трансформација, Z-трансформација, амплитуден и фазен спектар на аудиосигналите. 4. Метода на прозорци, принцип на квазистационарност, Фуриеова трансформација на временски отсечоци (STFT), типови на прозорци и нивни карактеристики, спектрограм. 5. Основи на дигиталните филтри, филтрирање на аудиосигналите, филтри со конечен импулсен одѕив (FIR), филтри со бесконечен импулсен одѕив (IIR), типови на филтри со линеарна фазна карактеристика, дизајн на FIR филтри. 6. Ниско-пропусни (НП), високо-пропусни (ВП), филтри пропусници на опсег (ПО), филтри непропусници на опсег (НО), Notch филтри. Банки на филтри, еквализација. 7. Аудиоефекти во временски домен: Процесирање на аудиосигналите базирано на доцнење, ехо, реверберација, филтер сèпропусник (СП), Шредеров природен ревербератор, фленџ, хор, дисторзија. 8. Аудиоефекти во трансформациски домен: тремоло, вибрато, wah-wah, фејзер, роботизација, вокодер. 9. Компресија на аудиосигналите, основи на психоакустиката, компресија базирана на психоакустика, праг на чујност, маскирање, критични опсези, MP3, AAC, битска брзина. 10. Компресија на говор, основи на создавање на говорот, LP анализа на спектарот; LP10, CELP, VOCODER. 11. Примена на машинско учење во анализата на аудиосигналите, препознавање на звучен извор, детекција на звучни настани, екстракција на обележја за тренинг на алгоритми за машинско учење, аудиторен спектрограм, мел-фреквенциски кепстрални коефициенти (MFCC). 12. Гаусови мешавински модели (ГММ), тренирање со максимизација на очекувањето (ЕМ), универзален позадински модел (UBM), адаптација на UBM моделот, пресметка на логаритамот од односот на веројатности (LLRM). 13. Синтеза на музички инструменти, синтеза со конкатенација.
|