Дигитално процесирање на аудио

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Дигитално процесирање на аудио
2. Код 4ФЕИТ05Л010
3. Студиска програма КХИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/6 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Бранислав Геразов
9. Предуслов за запишување на предметот Положен: Сигнали и системи
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со основите на дигиталното процесирање на аудио и методите и математичките алатки на кои тоа се базира. Познавање на принципите и постапките за продукција, складирање, емитување и репродукција на дигитални аудиосигнали, владеење со методи и техники за аудиокомпресија, како и со технологијата на протечно аудио.
11. Содржина на програмата: Основи на дигитално аудио, предности над аналогното аудио, принципи на дигитализација на звукот, фреквенција на семплирање, надсемплирање, џитер, квантизација, резолуција и шум на квантизација, дитер, обликување на шумот; преглед на аудиосистеми и карактеристики, дигитален запис, битска брзина и компресија, Д/А аудио конвертори, аудио формати, аудио-CD и DVD-аудио, носачи на дигитални аудио записи, CD репродукција, аудио лента-DAT ; работа со аудиосигналите во дигитален домен; фреквенциски спектар на аудиосигналите, STFT и спектрограм; филтрирање на аудиосигналите, FIR, IIR, Notch филтри; процесирање на аудиосигналите базирано на доцнење, ехо, реверберација; Аудио ефекти; Компресија на аудиосигналите, психоакустика, PCM, кодни техники (FFT, DCT, subband, со и без загуба); стандарди MPEG-1,3; MP-3, AC-3, AAC, протечни техники; стандардни аудио интерфејси (USB, SPDIF); протечно радио (streaming) преку интернет, архитектура, сервери, протоколи; електронско генерирање на звук.
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, поддржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, проектни задачи, поканети гости предавачи.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 10
16.3. Домашно учење 65
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 10
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 60
18. Критериуми за оценување до 48 бодови 5 (пет) (F)
од 49до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Следење на предавањата и вежбите
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Ако студентот не ги положи парцијалните испити може во предвидените испитни сесии да полага писмен испит (времетраење 120 минути). За време на наставата се бодува активноста на студентот. Студентот треба да изработи проектна задача и истата да ја предаде најдоцна до крајот на сесијата која следи по крајот на семестарот. Во конечната оценка влeгуваат поените од парцијалните испити или испитот, активноста и проектната задача.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Watkinson, John R. The Art of Digital Audio. 2nd Ed. Focal Press 1999
2 M. Kahrs, K.Branderburg Applications Of Digital Signal Processing To Audio And Acoustics Kluwer 2002
3 Udo Zölzer Digital Audio Signal Processing Wiley 2008