1. | Наслов на наставниот предмет | Дијагностика и мониторинг на електрични машини | ||||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ02003 | ||||||||||||
3. | Студиска програма | 2-ЕМА | ||||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | ||||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | ||||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | |||||||||
8. | Наставник | Д-р Крсте Најденкоски | ||||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | |||||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Со успешно завршување на овој предмет, кандидатот ќе се стекне со компетенции за: проценка на состојбата на електричните машини и трансформатори; анализа на резулатите од испитувањата; работа со системи за следење во реално време. |
|||||||||||||
11. | Содржина на програмата:
Методи за дијагностика и проценка на состојбата на електричните машини и трансформатори. Определување на карактеристични електрични, изолациони, вибрациони, акустични и геометриски параметри. Термовизиски испитувања. Критериуми за дијагностика врз основа на карактеристичните параметри. Системи за следење на работата на електричните машини и трансформатори во реaлно време. Концепт на мониторинг систем за електрични машини. Дефинирање на архитектура на систем за мониторинг на електрични машини. Опрема и сензори. Мониторинг систем за енергетски трансформатори. Определување на параметри за следење во реално време. Структура на мониториг систем за трансформатори. Микропроцесорски систем за следење на состојбата на трансформатори – опрема и поврзување. |
|||||||||||||
12. | Методи на учење:
Предавања, проектни задачи, самостојни задачи, домашно учење. |
|||||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | ||||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | ||||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | ||||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | ||||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | ||||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | ||||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | ||||||||||||
17. | Начин на оценување | |||||||||||||
17.1 | Тестови | 0 бодови | ||||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 50 бодови | ||||||||||||
17.3. | Активност и учење | 0 бодови | ||||||||||||
17.4. | Завршен испит | 50 бодови | ||||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | |||||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | |||||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | |||||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | |||||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | |||||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | |||||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | 60% успех од сите предиспитни активности | ||||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот | Изработка на проектни задачи и завршен испит. | ||||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | ||||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | ||||||||||||
23. | Литература | |||||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | |||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||||||||
1. | M. Hammer, M. Šimková, M. Ministr | Artificial Intelligence in Diagnostics of Electric Machines | Springer Berlin Heidelberg | 2009 | ||||||||||
2. | F.A. Sturm | Efficient Operations – Intelligent Diagnosis and Maintenance | VGB PowerTech Service GmbH, Essen | 2003 | ||||||||||
23.2. | Дополнителна литература | |||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||||||||
1. | K. Harker | System Commissioning and Maintenance Practice | The Institution of Electrical Engineers, London, UK | 1998 |