1. | Наслов на наставниот предмет | Динамички процеси во ЕЕС | |||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ09003 | |||||||||||
3. | Студиска програма | 3-ЕЕС | |||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
8. | Наставник | Д-р Мирко Тодоровски | |||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Запознавање со основните принципи на динамичките процеси во ЕЕС: баланс помеѓу произведената и потрошената активна и реактивна моќност. Запознавање со физичкиот карактер на различни динамички појави: бранови, електромагнетни, електромеханички и термодинамички процеси. Разбирање на зависноста на фреквенцијата од активната и напонот од реактивната моќност. Разликување на различните типови на стабилност на ЕЕС и неговото однесување при мали или големи пореметувања. |
||||||||||||
11. | Содржина на програмата:
Вовоед во динамички процеси во ЕЕС. Електромагнетни појави: синхронизација на синхрон генератор, комутација на вод од преносна мрежа, субсинхрона резонанса при појава на куса врска. Електромеханички појави: општо за статичка стабилност, статичка стабилност без АРН, ефект на придушните намотки, статичка стабилност со АРН, ефект на АРН врз придушните намотки, општо за динамичка стабилност, динамичка стабилност при несиметрични куси врски, влијание на товарот пред настанување на куса врска врз динамичка стабилност, влијание на локацијата на куса врска врз динамичка стабилност, ефектот на АРН врз динамичка стабилниост, динамичка стабилност при синхронизација на синхрон генератор. Напонска стабилност. Критериум за напонска стабилност dQ/dV. Критичен товар и колапс на напонот. Статичка анализа на напонска стабилност. Динамичка анализа на напонска стабилност. Фреквентна стабилност. |
||||||||||||
12. | Методи на учење:
Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи. |
||||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
17. | Начин на оценување | ||||||||||||
17.1 | Тестови | 0 бодови | |||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 60 бодови | |||||||||||
17.3. | Активност и учење | 0 бодови | |||||||||||
17.4. | Завршен испит | 40 бодови | |||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на предавањата и вежбите. | |||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот |
Студентот треба да ги изработи предвидените домашни и проектни задачи и истите да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. Завршната оценка се определува поените добиени од испитите, домашните и проектните задачи според соодветните тежински коефициенти. За време на испитите е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||||||
23. | Литература | ||||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | Jan Machowski, Zbigniew Lubosny, Janusz W. Bialek, James R. Bumby | Power System Dynamics – Stability and Control Third Edition | John Wiley & Sons ISBN 978-1-119-52634-6 | 2020 | |||||||||
23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | М. Тодоровски, Р. Ачковски | Високонапонски мрежи и системи | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје | 2022 | |||||||||
2. | Peter W. Sauer, M. A. Pai | Power System Dynamics and Stability | Prentice Hall ISBN 0-13-678830-0 | 1997 |