Дискретно-настански системи и флексибилно производство

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Дискретно-настански системи и флексибилно производство
2. Код 4ФЕИТ01З002
3. Студиска програма КСИАР
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/5 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Горјан Наџински
9. Предуслов за запишување на предметот
Ислушани: Математика 4
10. Цели на предметната програма (компетенции). Студентите ќе се запознаат со поимот на дискретно настански системи и нивна примена за интегрирано производство во услови на трендот за комплетна автоматизација подржана со употребата на најнова ИТ технологија. Студентите ќе бидат оспособени за користење на дискретно-настанските системи како алатки за моделирање и симулација на флексибилни производствени системи.
11. Содржина на програмата: Вовед во дискретно настански системи. Дискретни автомати, детерминистички и недетерминистички. Регуларни граматики. Контекстно-слободни јазици (Context-free languages). Тјурингови машини. Маркови процеси и Маркови вериги. Петри мрежи за компјутерски интегрирано производство и флексибилна автоматизација. Стохастички петри мрежи и анализа на стационарна состојба на производни системи.
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.
13. Вкупен расположив фонд на часови 2 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 20
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 80
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Коректно изработени лабораториски вежби.
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите).
1. За студентите кои ги положиле парцијалните испити, како замена за завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (времетраење до 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен).
2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (времетраење до 60 минути). Во конечната оценка влeгуваат поените од завршниот писмен испит, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен).
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Chirstos G. Cassandras Introduction to Discrete Event Systems Springer 2008
2 Meng Chu Zhou Modeling, Simulation and Control of Flexible Manufacturing Systems – A Petri Net Approach World Scientific 1999
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 J. Hopcroft, R. Motwani, J. Ullman Introduction to Automata Theory, Languages, and Computation, 3rd Edition Pearson Education 2007