Дизајн на телекомуникациски мрежи

Последна измена: јули 28, 2023

1.
Наслов на наставниот предмет Дизајн на телекомуникациски мрежи
2. Код 4ФЕИТ10004
3. Студиска програма 11-ИБС, 12-КИТ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Тони Јаневски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

По завршување на Дизајн на телекомуникациски мрежи се очекува студентот да  да реализира анализа на перформансите и да дизајнира телекомуникациски фиксни и мобилни мрежи, со зададен QoS (Quality of Service) и QoE (Quality of Experience). Се очекува да биде подготвен да се занимава и со научно-истражувачка работа во областа на Интернет технологиите.

11. Содржина на програмата:

Анализа на телекомуникациски сообраќај: мобилен сообраќај, Интернет сообраќај, хетероген сообраќај. Моделирање на широкопојасни телекомуникациски мрежи. QoS (Quality of Service) и QoE (Quality of Experience). Управување со сообраќајот и QoS во Интернет и IP мрежите. Дизајн на фиксен ултра широкопојасен пристап, вклучувајќи QoS решенија во бакарни и оптички мрежи, Ethernet QoS за телекомуникациски оператори, како и QoS од крај до крај. Дизајн на безжични и мобилни мрежи со дадени перформанси (WLAN, 4G, 5G и идните 6G). Дизајн на мрежни решенија за разлилчни телеком сервиси, со QoS и QoE за VoIP, видео, IPTV и IoT сервиси, како и QoS за Интернет OTT/data и специјализирани сервиси. нтерконекција и нејзините QoS аспекти, генерички и специфични QoS параметри, KPI (Key Performance Indicators). Мрежна неутралност за OTT/податочни услуги.

12. Методи на учење:

Предавања; самостојно проучување и презентација на трудови од списанија и зборници на конференции; самостојно проучување и презентација на практични примери од областа; интерактивни дискусии.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Нема.
20. Начин на полагање на испитот

Се полага преку изработка на полагање на испит или два колоквиуми (50% од оценката) и изработка на труд-семинарска работа (50% од оценката).

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Toni Janevski QoS for Fixed and Mobile Ultra-Broadband Wiley (Wiley-IEEE series) 2019
2. Toni Janevski Traffic Analysis and Design of Wireless IP Networks Artech House, USA 2003
3. International Telecommunication Union (ITU) Setting the Scene for 5G: Opportunities & Challenges International Telecommunication Union (ITU) 2018