Електрични генератори и трансформатори

Објавено: октомври 12, 2018
  1.    Наслов на наставниот предмет Електрични генератори и трансформатори
  2.    Код 3ФЕИТ02З005
  3.    Студиска програма ЕАОИЕ
  4.    Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
  5.    Степен Прв циклус студии
  6.    Академска година/семестар III/5   7.    Број на ЕКТС 6.00
  8.    Наставник Д-р Крсте Најденкоски
  9.    Предуслов за запишување на предметот

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Детално познавање на конструктивните делови и материјалите од кои се изработени генераторите и трансформаторите. Запознавање со функционирањето на електричните генератори и трансформатори. Оспособеност за избор на генератори и трансформатори, според нивното место во електроенергетскиот систем, како и за анализа на нивните карактеристики.

11.    Содржина на програмата: Основни поими за генератори. Видови на генератори. Конструктивни особености на поедините видови генератори (синхрони, асинхрони). Турбогенератори и хидрогенератори. Асинхрони генератори. Микрогенератори. Математички модел. Фазорски дијаграми. Синхрони реактанси. Синхронизација. Дијаграм на оптоварување. Стабилност и статичка преоптоварливост. Автономна работа на генераторите. Паралелна работа на генераторите на мрежа при константна моќност и при константна возбуда. Основни конструктивни карактеристики на дистрибутивните и енергетските трансформатори. Магнетен и електричен систем. Дополнителна опрема и уреди. Поделба на трансформаторите. Режими на работа: празен од, оптоварување, куса врска. Еквивалентна шема. Шеми и групи на соединување на трофазни трансформатори. Паралелна работа. Енергетска ефикасност на трансформаторите.

12.    Методи на учење: Интерактивни предавања, аудиториски и лабораториски вежби.
13.    Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14.    Распределба на расположивото време 180
15.    Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16.    Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 0
16.3. Домашно учење 105
17.    Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 100
18.    Критериуми за оценување до 50 бодови     5 (пет) (F)
од 51 до 60 бодови     6 (шест) (E)
од 61 до 70 бодови     7 (седум) (D)
од 71 до 80 бодови     8 (осум) (C)
од 81 до 90 бодови     9 (девет) (B)
од 91 до 100 бодови   10 (десет) (A)
19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит Реализирани активности 15.1 и 15.2
20.  Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), и тест од лабораториски вежби. За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, се смета дека испитот е положен. Останатите студенти полагаат завршен испит нa целиот наставен материјал (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити/ завршниот испит и тестот.
21.    Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22.    Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23.    Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 A. E.Фитџералд, Чарлс Кингсли Електрични машини McGraw-Hill Science/Engineering/Math; 6 ed 2002
2 Јон Болдеа Електрични генератори CRC Press 2005
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Ray Arnold, Martin Heathcote  J & P Transformer Book  Newnes  2007